- Пред првиот натпревар од баражот за 1/8 финале во Лига на шампиони меѓу француските клубови во Лига на шампиони Брест и ПСЖ кои гостите го добија 0:3, за реваншот во Париз цената за картите тогаш изнесувала меѓу 190 и 390 евра! Откако Дембеле и другарите победија со три гола разлика, цените паднале на 48, 69 и 111 евра што е далеку поприфатливо. Не е ни чудно што парискиот великан е втор во Европа по заработка од продадени влезници.
- Картите за реваншот Реал Мадрид - Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“ чинат меѓу 115 и 245 евра во зависност од квалитетот на местото.
- Германија е нешто благо поевтина благодарение на навивачите кои чуваат „логорски оган“ околу светото правило за 50+1% пакет акции во корист на членовите на клубот односно самите навивачи, па така Борусија Дортмунд - Спортинг Лисабон може да се гледа за цена од 82 до 108 евра. Но на култната трибина „Жолт ѕид“ каде стојат најжестоките навивачи, цената на влезница е 75 евра.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.