Кам бек на Трајковски во Хрватска
2 декември 2025
- Александар Трајковски (33) е нов играч на Локомотива. Иако сè уште не е официјално претставен, Локомотива неодамна го регистрираше напаѓачот на Хајдук, што значи тој ќе се приклучи во тимот како слободен агент пред крајот на првиот дел од сезоната, пишува Индекс.
- Македонскиот напаѓач е без договор, откако раскрсти со Хајдук на крајот од минатата сезона. Но, и покрај тоа што остана без клуб, имаше 5 настапи за репрезентација на кои постигна 2 гола.
- Трајковски две години беше член на Хајдук за кој постигна 10 гола на 32 средби. Најдобриот меч интересно, го одигра токму против Локомотива на кој блесна со хет-трик.