- Иако се чинеше дека после Левандовски, Баерн Минхен тешко ќе пронајде центарфор што така добро ќе му легне на клубот, изминатото лето во Баварија за 100 милиони евра дојде сјајниот капитен на Англија и Тотенхем Хари Кејн и покажа каква класа е.
- Хари Кејн постигна 24 гола на 21 меч во сите натпреварувања досега сезонава за Баерн што го става во многу книги на рекорди во клупската историја. Германците очекуваат тој да блесне уште посилно откако во Минхен каде за сега е сам, ќе му се придружат уште и сопругата Кети Гудланд и нивните четири деца.
- „Тој е толку добар, предобар! Не само на теренот, тој е лицето на Баерн Минхен. И не само во Германија, туку тој е добар за Бундеслигата, меѓународно не прави поприсутни, поинтересни. Хари има 20 гола во Бундеслига на 15 меча, најдобар стрелец е. Тој е врвен амбасадор, подобар од Англија не можевме да имаме во моментов“, вели Лотар Матеус, легендата на Баерн.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.