- Полскиот репрезентативен центарфор Аркадиуш Милик пристигнал попладнево на медицински прегледи и потпис на договорот со Јувентус.
- Милик (28) играше во Гурњик Забже, Баер Леверкузен, Аугзбург, Ајакс, Наполи и Марсеј, а во Јувентус доаѓа на едногодишна позајмица со право на откуп, а целата операција чини помеѓу 7 и 10 милиони евра
- Минатата сезона 2021/2022 во Марсеј на 38 меча постигна 16 гола и покажа дека е опоравен од тешките повреди на лигаменти на двете колена пред неколку години. Јувентус е близу и до договор со ПСЖ за Леандро Паредес кој игра во среден ред.
- Легендарниот напаѓач на Интер, почина на 83-годишна возраст. Целата кариера му ја посвети на клубот од Милано каде запиша 417 настапи и 116 гола во 17 сезони (1960-1977).
- Сметан е за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Освои 4 титули во Серија А и по две во Купот на шампионите и Интерконтиненталниот Куп. Една сезона бил и најдобар стрелец во Серија А.
- За Италија одигра 70 меча, постигна 22 гола и стана европски првак во 1968-ма. Стана и финалист на СП 1970, но загуби од Бразил на Пеле. Во 1971-ва беше втор во изборот на Златна топка.
- Првиот човек на фан-клубот навивачи на Реал Мадрид од шпанската ексклава Сеута (градче кај Мароко кое и припаѓа на Шпанија), изјавил дека биле разочарани од тоа што фудбалерите на Реал Ибраима Конате, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор ги сокриле натписите за поддршка на Сеута на маиците пред натпреварот со Елче (2:3).
- Се појави видео на кое Винисиус му покажува на Мбапе како да ја свитка маицата за да не се гледа натписот за поддршка на жителите на Сеута. Таканаречената Пења Мадридиста Сеута брои околу 120 членови и е основана во далечната 1987-ма година.
- Овој град се најде на страшен удар на имигрантски наплив при крајот на јули кога преку 70.000 имигранти насилно влегоа или се обидоа да влезат во Сеута, па оттаму да тргнат за Шпанија. Оттогаш досега се случиле бројни кривични дела меѓу кои и силувања на малолетнии девојчиња од страна на имигрантите кои се судрија и со полицијата.
- „Бевме изненадени кога ги видовме кадрите од подтрибинскиот простор и видовме како сите играчи ги облекуваат маиците со натпис за поддршка на нашиот град. Но потоа приметивме како тројца играчи на Реал ги виткаат маиците за да не го прикажат самиот натпис. Помисливме: 'Значи нема поддршка'. Ни беше многу криво особено што тоа се играчи на нашиот Реал. Колку што сфатив, Мбапе кажал и дека иако тој сочуствува со нашата ситуација, исто е солидарен и со мигрантите и затоа не ја облекол маицата. Ако имаш маичка за поддршка на Сеута, не ја соблекувај, а утре или на следниот натпревар облечи некоја во поддршка на мигрантите. Просто е“, му порачал на Мбапе првиот човек на фан-клубот на Реал Мадрид од Сеута.