- Младиот израелски плејмејкер, потенцијал за НБА лигата, по одличната сезона кај Жељко Обрадовиќ во Партизан, се сели во Фенербахче. Јам Мадар потпишал 2+1 договор со турскиот гигант кој наводно му понудил двојно подобри услови од оние кои ги имал меѓу црно-белите.
- Мадар беше еден од најзаслужните за шампионската титула во АБА лига на Партизан. Пред него екипата ја напуштија Матијас Лесор (Панатинаикос) и Данте Егзум (Далас Маверикс).
- Фенербахче прави силен состав за новата сезона во која одново ќе цели на завршница во Евролига.
- Миленикот на скопските Комити, Црногорецот Вуко Борозан пред неколку недели по втор пат го напушти Вардар 1961. Се очекуваше да најде ангажман во странство, се споменуваа и арапските земји или клуб од Западна Европа, но на крајот Борозан реши да остане таму каде што му е најубаво, во Македонија.
- Негов нов клуб ќе биде РК Охрид кој ги продолжува неверојатните ангажмани на трансфер пазарот со цел да ги исполни амбициите да се бори за шампионските трофеи во догледно време.
- Борозан беше дел од големите успеси на Вардар на домашна и меѓународна сцена и прашање е како навивачите ќе реагираат на овој чекор.
- Боксерот Ален Рустемовски и бодибилдерката Катерина Попева ги добија највисоките признанија на традиционалната манифестација „Спортист на годината 2025“, која се одржа во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
- Рустемовски до признанието „Спортист на годината“ стигна по освојувањето на сребрен медал и вицешампионската титула на ЕП У23 во Ереван. Во изборот, тој беше подобар од номинираните Енис Барди, Стефан Михајловски, Андреас Трајковски и Владимир Егоров.
- Во женска конкуренција, титулата најдобра спортистка ѝ припадна на Попева, која лани стана шампионка на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг во Санта Сусана (Шпанија). За признанието беа номинирани и Ангела Мојсовска, Александра Марковска, Катерина Ацевска и Сашка Колеска.
- Министерството за спорт традиционално ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. Свеченото доделување на стипендиите се одржа во МОБ, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“.