Интер зема голем талент на Динамо Загреб
3 февруари 2025
Дваесет и едно годишниот Петар Сучиќ неделава во Милано треба да изврши лекарски прегледи и да потпише договор со миланскиот гигант Интер, но до јуни ќе остане член на Динамо Загреб.
Интер за хрватскиот репрезентативец ќе му плати 14 милиони евра на Динамо Загреб со што ова ќе стане шести најскап излезен трансфер на модрите во нивната клупска историја.