- После 24 годишна величествена кариера проследена со богатство од вкупно 35 трофеи, кои го прават најтрофеен шпански фудбалер во историјата, легендарниот Андрес Иниеста оди во целосно заслужена играчка пензија.
- Почна во Ла Масија, па преку Б тимот на Барса, на 18 години стана дел од првиот тим со кој се вивна до височините, освојуваќи ги сите можни трофеи, а од 2018-та се реши за јапонска авантура.
- Иниеста има 29 трофеи со Барселона, меѓу кои две тројни круни, потоа 3 со Висел Кобе и 3 со Шпанија.
- Врвот на репрезентативен план го достигна како една од главните алки во играта на незапирливата Шпанија која доминираше со две европски (2008 и 2012) и една светска титула (2010).
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.