И БиБиСи не е тоа што беше
3 декември 2025
- Британскиот национален сервис ја збунил јавноста откако донел одлука да не праќа стручни коментатори и водители на студија во САД се до четвртфиналните средби на Светско првенство 2026.
- „Работа од дома“, гласи насловот на статијата на Дејли Мејл кој ја соопштува веста дека БиБиСи нема да им плаќа патни трошоци и смештај на нивните стручни аналитичари за првите 96 натпревари кои ќе се коментираат од дома.
- БиБиСи нема намера да прави студио на Мундијалот 2026 во САД се до четвртфинале затоа што процениле дека тоа би ги чинело многу.
- Вејн Руни, Мартин Кион, Џо Харт, Алан Ширер, Дени Мерфи, Дион Даблин, Тео Волкот, Шеј Гивен, Недум Онуоа, Стивен Ворнок се само некои од стручните аналитичари на БиБиСи.