- Актуелниот светски вицешампион Хрватска, селекција која во последните дваесетина години прави импресивни резултати и заслужено е во светскиот топ 10-15, на Мундијалот во Катар ќе игра во група со Белгија, Канада и Мароко.
- Селекторот Златко Далиќ се одлучи за стандардните репрезентативци, без преголеми резови во составот. Од ветераните тука се Модриќ, Вида, Ловрен, Перишиќ, Будимир. Во шпицот се повикани четири напаѓачи од кои двајца Динамовци: Мислав Оршиќ и Бруно Петковиќ како и Хајдуковецот Марко Ливаја.
- Миленикот на скопските Комити, Црногорецот Вуко Борозан пред неколку недели по втор пат го напушти Вардар 1961. Се очекуваше да најде ангажман во странство, се споменуваа и арапските земји или клуб од Западна Европа, но на крајот Борозан реши да остане таму каде што му е најубаво, во Македонија.
- Негов нов клуб ќе биде РК Охрид кој ги продолжува неверојатните ангажмани на трансфер пазарот со цел да ги исполни амбициите да се бори за шампионските трофеи во догледно време.
- Борозан беше дел од големите успеси на Вардар на домашна и меѓународна сцена и прашање е како навивачите ќе реагираат на овој чекор.
- Боксерот Ален Рустемовски и бодибилдерката Катерина Попева ги добија највисоките признанија на традиционалната манифестација „Спортист на годината 2025“, која се одржа во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
- Рустемовски до признанието „Спортист на годината“ стигна по освојувањето на сребрен медал и вицешампионската титула на ЕП У23 во Ереван. Во изборот, тој беше подобар од номинираните Енис Барди, Стефан Михајловски, Андреас Трајковски и Владимир Егоров.
- Во женска конкуренција, титулата најдобра спортистка ѝ припадна на Попева, која лани стана шампионка на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг во Санта Сусана (Шпанија). За признанието беа номинирани и Ангела Мојсовска, Александра Марковска, Катерина Ацевска и Сашка Колеска.
- Министерството за спорт традиционално ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. Свеченото доделување на стипендиите се одржа во МОБ, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“.