- Иван Маленица, хрватскиот министер за правда посетил денес во еден атински затвор во Халкида седум уапсени припадници на групата Бед Блу Бојс, а министерот за надворешни работи на Хрватска ги посетил оние во озлогласниот затвор Коридалос на периферијата од Атина.
- „Разговарав со нив во затвор кој е на еден час од Атина. Немаа никакви забелешки на третманот во затворот. Сместени се со останати затвореници. Немаат никакви примедби за односот на службениците, полицајците, управителите. Го пофалија односот. Не им фалело баш ништо, ни храна ни облека.
- Прашуваа како ќе се реши техничкото прашање со примање пари за купување во затворската кантина. Не се свесни за какво кривично дело ги теретат и да не се обвинети за убиство, може да ги обвинат за злосторничко здружување во група за што е предвидена тешка казна“.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.