- Објавен е кодексот на однесување за време на Светското ракометно првенство кое стартува денеска.
- Максималната должина на знамињата ќе биде 2 х 1,5 метри и ниедно знаме не смее да го попречува видикот на другите гледачи. Во салата нема да биде дозволено внесување на знамиња со навредлива или политичка содржина.
- Македонија веќе играше контролен меч во Вараждин и тогаш беше забрането да се внесе македонско знаме со Кутлеш.
- Забрането е внесување и на пиротехнички материјали. За децата до седум години влезот ќе биде бесплатен.
- Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во разговор за магазинот на ФФМ говореше за новиот циклус во Лигата на нациите. Поранешниот напаѓач нагласи дека ова е досега најголемиот предизвик, доста посериозен од претходните во натпреварувањето.
- „Би било добро, резултатски гледано доколку не го загубиме првиот натпревар против Швајцарија. Сега почнуваме нов циклус, а Б-лигата објективно е на повисоко квалитативно ниво од Ц и Д-лигите. За првпат сме во оваа конкуренција во Лигата на нациите, ќе мора да покажеме дека сме дораснати за да бидеме во оваа група. Првиот противник, Швајцарија е сериозна репрезентација, која континуирано настапува на светските и европските првенства. Има објективно поголемо искуство од нас, а и швајцарската лига, иако не спаѓа меѓу петте најсилни во Европа, таа е добра и квалитетна“, започна Панчев.
- Македонскиот боксер Ален Рустемовски го оствари веројатно најголемиот успех во досегашната сениорска кариера, откако се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Софија.
- Нашиот боксер во четвртфиналето беше подобар од Ерменецот Базејан и обезбеди најмалку бронзен медал за себе и за нашата држава. Денешната пресметка ја доби на убедлив начин, со конечен резултат 4-1.
- За Рустемовски продолжува одличниот настап на Европскиот шампионат, каде претходно славеше победа и над Англичанецот Вилијам Хјуит со конечни 4-1. На Европското првенство во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од 40 земји, што дополнително ја нагласува тежината на успехот на македонскиот претставник.