Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Готово е, завршен е најголемиот трансфер во Евролига летово

30 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Врвниот француски плејмејкер Силвен Фрасиско пред само неколку недели премина од литвански Жалгирис во АСВЕЛ. Но во францускиот клуб и покрај силните најави за рекорден буџет и многу засилувања, очигледно нешто не е како што треба па играчите кои летово дојдоа сега би можеле да си одат.
  • Еден веќе си отиде: и тоа најголемата ѕвезда Силвен Франсиско кој потпиша со Панатинаикос и му се приклучи на ѕвездениот состав на Жељко Обрадовиќ.
  • Свесен дека нема ништо од „историскиот буџет од 53 милиони евра“ туку дека ќе имаат на располагање 24 милиони евра, Тони Паркер, првиот човек на АСВЕЛ решил само да го проследи Франсиско во Панатинаикос откако добил богата понуда од милијардерот Јанакопулос.
  • „На почеток претседателот на АСВЕЛ Тони Паркер не беше спремен да се откаже од Франсиско, но на крајот ја прифати понудата на Панатинаикос, откако сопственикот на грчкиот клуб Димитрис Јанакопулос одлучи да му ја исполни најголемата желба на Жељко Обрадовиќ кој Французинот од почеток го гледаше како идеално решение за позицијата плејмејкер. Јанакопулос направи решителен потег и му понуди на АСВЕЛ милион евра за раскин на соработката со Франсиско. После неколку дена преговори Паркер прифати“, вели грчкиот портал СДНА.
  • Панатинаикос направи страшен состав па така Жељко Обрадовиќ ќе ги има на располагање: Силван Франсиско, Костас Слукас, Џереми Грант, Кендрик Нан, Бранку Бадио, Најџел Хејс-Дејвис, Исак Бонга, Жерсон Јабуселе, Хуанчо Ернангомез, Костас Митоглу, Матијас Лесор и Мустафа Фол кој дојде од најголемиот ривал Олимпијакос.
  • Од екипата заминаа: Мариус Григонис, Кенет Фарид, Ти-Џеј Шортс, Алескандрос Самодуров, Џеди Осман (отиде во лутиот ривал ПАОК) и Василис Толиопулос.
извор

Португалија добива нова седумка откако Роналдо си замина

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Потресот кој го предизвика заминувањето на Кристијано Роналдо од базата на репрезентацијата на Португалија, револтиран од односот на селекторот Жорж Жезус кој го загреваше 30 минути на натпреварот против Норвешка па не го стави во игра и го врати на клупа, уште трае.
  • Оваа вест е главна на сите светски спортски медиуми.
  • А во меѓувреме од фудбалската репрезентација на Португалија стигна нова вест дека седумката на Роналдо веќе му ја дале на Рафаел Леао за натпреварот против Данска вечерва во Копенхаген.
  • Леао седумка носел во младинските категории како и во Спортинг и во Лил. После Милан Рафаел Леао летово во богат трансфер отиде во Галатасарај. Кариерата на крилниот напаѓач е во пад, неговата форма драстично опадна во Милан каде ни од близу не ги пружаше партиите од првите денови во клубот. Тој за сега и во Турција не ја почна добро сезоната и не делува воопшто на играч кој прави разлика на теренот.

Добар пријател на Кристијано Роналдо открил што се случувало во кампот на Португалија

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

извор

Селекторот на Словенија по победата: „Не паѓаме во еуфорија, Македонија не е баш при фудбалскиот врв“

30 септември 2026
  • Share
  • Post
  • По триумфот на Словенија 2-0 над Македонија на стадионот „Стожице“ во Љубљана, словенечкиот селектор Бостјан Сезар после натпреварот зборувал подолго пред новинарите, а меѓу другото кажал:
  • „Честитки до момците, но ова е само почеток. Мора да раснеме од натпревар во натпревар. Едноставно не смее да има еуфорија. Победата е добра, ја остваривме против добра екипа, но Македонија не припаѓа баш на самиот врв на светскиот фудбал“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
3

Добар пријател на Кристијано Роналдо открил што се случувало во кампот на Португалија

Фудбал
4

Жезус: Правилата се исти за сите, Роналдо ми рече дека ако треба ќе седи на клупа

Фудбал
5

Ѓоковиќ има нов начин на делење автограми

Разно
6

Ибра со свое видување за парите и Манчестер Сити

Фудбал
7

Седло после шест меча без постигнат гол

Фудбал
8

Почнаа мајтапите со случајот Манчестер Сити

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Единствениот тест за вашата долговечност

Море, мори бре

Сирија, лаги и видео клипови

Народот е глуп, а сега се буни затоа што е глуп

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy