- По завршувањето на кариерата Горан Попов ја основа менаџерската агенција „ГП3“, во која што тој и неговите партнери претставуваат солиден број фудбалери од овој регион.
- Тој има силни врски и во Украина, бидејќи играше за Динамо Киев. Во интервју за руски РБ Спорт вели дека неговите украински партнери барале во иднина да не се нудат фудбалери од Србија.
- „Играв за Динамо Киев, но работам истовремено и во Русија и во Украина. Не сакам проблеми, бидејќи политиката е многу опасна работа. Дај Боже сето ова да заврши и луѓето од двете земји да продолжат да живеат и да работат нормално.
- Ние, агентите, треба да работиме со сите, но има клубови од Украина кои не сакаат да носат играчи од Србија. Воопшто не размислував за тоа додека некои спортски директори на украинските клубови ми рекоа: „Горане, те молам повеќе да не ни нудиш фудбалери од Србија. Вучиќ ја поддржува Русија. Затоа не сакаат српски фудбалери“, вели Попов.
- ФК Вардар денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра.
- „Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од предходните сопственици, акционери и одбор на директори. Период пред летото 2024-та.
- Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА“, стои во соопштението на клубот.
- Ракометарите на Вардар 1961 по четири години се враќаат во Лигата на шампионите на ЕХФ, а првиот натпревар во новата сезона ќе биде особено интересен. „Црвено-црните“ гостуваат кај Мелсунген во Касел, во натпреварот кој ќе се одигра во четврток од 20:45 часот (пренос Арена Спорт ТВ).
- Мелсунген, пак, за првпат во историјата ќе игра во елитното европско натпреварување, откако минатата сезона ја освои Европската лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите.
- Интересно црвено-црните минатата сезона на два пати убедливо го совладаа Мелсунген кој подоцна го крена трофејот во Европската лига. Тогаш, според зборовите на тренерот Чупиќ Мелсунген имал неколку повредени ракометари и играл ослабнат а сега е голем фаворит како сила од Бундеслигата.