- Македонската фудбалска легенда кој во Парма ја игра последната сезона од кариерата, доби место во Собранието на ФФМ во ОФС Струмица.
- За да го изнесе револтот кон актуелниот претседател Муамед Сејдини, ОФС Струмица минатата година не одбра претставници и не учествуваше на Собранието на ФФМ и поради тоа изминатите 12 месеци ниту еден делегат или судија од ОФС Струмица немаше задолженија од ФФМ.
- Пандев е голем критичар за работата на ФФМ, а сега ќе може и директно да зборува и гласа.
- Откако имаа неуспешни преговори со Арне Слот и Ерик Тен Хаг да ја преземе селекторската палка, луѓето од Кралската фудбалска федерација на Холандија не чекаа многу и го назначија легендарниот Чави за нов селектор.
- Чави добил договор до летото 2030-та односно до крајот на Светското првенство таа година, соопшти Кралската фудбалска федерација на Холандија.
- 46-годишниот Чави доаѓа наместо Роналд Куман кој замина по испаѓањето од Мароко во 16/финале на Светско првенство летово.
- Чави е прв селектор странец на Холандија по 1978-ма и Австриецот Ернст Хапел кој ги однесе дури до финале на Светско првенство.
- „Голема чест е да се стане селектор на холандската репрезентација. Како некој кој се развивал во академијата на Барселона, со силно влијание од меѓу другите Јохан Кројф и Ринус Мичел, чувствувам посебна поврзаност со холандскиот фудбал. Може да кажете дека на некој начин сум син на холандскиот фудбал“, рекол Чави на претставувањето.
- Како играч тој важеше за најдобар фудбалер на својата позиција во свое време. Освои дури 4 пехари во Лига на шампиони, одигра повеќе од 750 натпревари за Барселона а во 2010-та стана и Светски шампион со Шпанија откако ја победија Холандија во финале и два пати стана Европски првак во 2008 и 2012.
- Тренерска кариера почна во клубот Ал Сад во Катар а после во 2021 ја презеде Барселона каде исто го наследи Роналд Куман како и сега во Холандија. Освои титула во Ла Лига во 2023 а во 2024-та замина поради преголем притисок во клубот како што самиот кажа.
- Сао Пауло од Бразил гостувал во Боливија каде одиграл 1-1 против Боливар. Пред натпреварот тројца шофери на автобусот со кој требале да се превезуваат гостинските фудбалери од славниот клуб, биле уапсени поради тоа што во автобусот им пронашле 86 килограми марихуана.
- Бразилскиот клуб стигнал во Санта Круз де ла Сиера пред да се упати во Ла Паз, градот на огромна надморска исина каде играа против Боливар. Сепак по доаѓањето на Бразилците, имало проблем зошто полицијата пронашла 86 килограми марихуана во автобусот кој тргнал да ги превезува од аеродромот.
- Според извештаите на локалните медиуми, Сао Пауло ја ангажирал фирмата “Buses Cosmos“ за превоз на целата делегација до градот. Но возилото било сопрено во близина на градот Кочабамба. До моментот кога Сао Пауло слетал на аеродромот фирмата во Санта Круз де ла Сиера успеала да го реши проблемот и да прати друг автубос.