- Еден од главните спонзори на довчерашниот најдобар тенисер на светот (Русинот Данил Медведев стана прв со 150 поени разлика пред Новак), француски Пежо решил да ја прекине соработката со Новак Ѓоковиќ која трае од 2014-та, пишува лондонски Експрес.
- Иако во последните неколку недели долгогодишните спонзорски партнери на Новак цврсто уверуваа дека нема да дојде до прекин на соработката по немилите настани од Австралија, сепак дошло до промена во размислувањата кај раководството на автомобилскиот гигант.
- Ситуацијата околу настапот на Ѓоковиќ на турнири ширум светот полека се стабилизурва, па тој после Дубаи, се пријави и за Мајами. Останува да се види дали ќе може комотно да настапи без проблеми поради ставот за вакцините.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.