- Триесет и две годишниот Мацеј Рибус, фудбалер од среден ред, од 2009-та година е репрезентативец на Полска за која има 66 настапи и 2 гола. Во кариерата играше за локалниот клуб Пеликан Лович па за Легија Варшава и Олимпик Лион.
- Најдолго се задржа во Локомотив Москва од 2017 до 2022. Летово потпишал договор како слободен агент за Спартак Москва.
- Тоа било причина фудбалската федерација на Полска да го примора селекторот Часлав Михњевич да му соопшти на Рибус дека нема да биде дел од септемврискиот камп и подготовки за Светското првенство во ноември. Полјаците претходно требаше да играат во полуфинале на бараж со Русија но одбија и со само еден меч (триумф над Шведска) отидоа на Мундијал.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.