- Триесет и шест годишниот Јулијан Нагелсман би требало да стане најмладиот селектор на репрезентацијата на Германија. Тој и натаму има договор со Баерн иако не е веќе тренер на Баварците со кои наводно за обостран раскин на договорот ќе им прости околу 16 милиони евра.
- Нагелсман иако е млад, веќе има огромно искуство како тренер на Хофенхајм, РБ Лајпциг и Баерн Минхен. Тој важи за еден од најдобрите германски стратези а тамошната фудбалска федерација, пишува Билд, ќе го плаќа околу 4 милиони евра годишно.
- Германците се во сериозна резултатска и играчка криза поради што отказ доби досегашниот селектор Ханси Флик. Нагелсман ќе треба да ја доведе во ред селекцијата за Евро 2024 чиј домаќин е токму Германија. Германците имаат големи очекувања од Европското првенство следната година, а Нагелсман може да се пофали со титула во Бундеслига со Баерн и два Суперкупа и со освоен Куп со РБ Лајпциг.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.