- Дваесет и едно годишниот центарфор Николо Тресолди играше за Хановер каде од него направиле добар шпиц пред да го продадат за 6 милиони евра во Клуб Бриж изминатото лето. Тресолди игра за Германија У21 и веќе има 18 натпревар и три гола во септември во квалификациите за Еуро У-21.
- Селекторот на младинската репрезентација на Германија Антонио ди Салво повторно го повикал за У21 селекцијата за дуелите со Грција и Северна Ирска, но во меѓувреме селекторот на Италија Џенаро Гатузо и италијанската фудбалска федерација вложуваат напори да го повикаат да игра за аѕурите. Германците не сакаат да се откажат лесно од него. А мајка му е Аргентинка па тој има право да игра и за Аргентина.
- Сличен е и случајот со фудбалерот на Рома Матијас Суле чиј менаџер побарал од Аргентина да го викне за репрезентација зошто наскоро тој би можел да добие италијански пасош и државјанство и да заигра за Италија. Рома него го откупи за 25.600.000 евра од Јувентус минатото лето.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.