Гатузо даде оставка од Италија
3 април 2026
- Некогашниот фудбалер на Милан кој освои Лига на шампиони со росонерите и стана Светски шампион со Италија 2006, Џенаро Гатузо очекувано замина од селекторското столче на аѕурите.
- По срамниот дебакл и испаѓање од Босна и Херцеговина на пенали во баражот после што ќе пропуштат трето Светско првенство во низа, Гатузо заминува од клупата.
- „Со болка во срцето го завршувам моето искуство на клупата на репрезентацијата. Беше голема чест да се води репрезентацијата и го правев тоа со една групма момци која покажа одговорност кон дресот. Но најголема благодарност изразувам до навивачите, до сите Италијанци од кои овие месеци не изостана љубовта и поддршката за репрезентациајта“, рекол Гатузо.
- Оставката на Гатузо доаѓа по повлекувањето на првиот човек на фудбалскиот сојуз на Италија Гравина и директорот на репрезентацијата Џанлуиџи Буфон.