- Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ изрече казна на Шкендија за недолично однесување на нејзините навивачи за време на минута молк пред почетокот на мечот со ФК Брера кога некои присутни гледачи недолично скандираа и викаа во тие моменти.
- Шкендија е казнета со пет домашни натпревари без гледачи како и со парична казна од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.
- Драстично е казнет и делегатот Гоце Шоповски од Струга кој се суспендира на шест месеци каква било функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи. Делегатот, според ФФМ не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и според протоколите кои предвидуваат празнење на трибините, не постапил.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.