- На седницата на УО на ФФМ, беше одлучено да му се продолжи договорот на селекторот Благоја Милевски, на кого му беше истечен пред неколку недели и сега се чека само официјална потврда, пишува СпортСпорт.
- Тој стана селектор на 1 август 2021 година, веднаш по завршување на Европското првенство, наследувајќи го Игор Ангеловски.
- Милевски одработи три квалификациски циклуси, но не успеа да го повтори успехот на Мрме и да ја однесе Македонија на големо натпреварување.
- Во квалификациите за СП 2022 стигна до баражот, а потоа следуваа двата неуспешни обиди за пласман на ЕП 2024. Најпрво преку Лигата на нации, а потоа и преку редовните квалификации.
- Фудбалската федерација на Македонија го претстави новиот дрес на репрезентацијата изработен од „Адидас“, а во рамките на „UEFA Kit Assistance Scheme“.
- Десет репрезентации од Европа ќе настапуваат со дресови дизајнирани во сличен тон, со своите национални обележја, а една од нив ќе биде и Македонија. Во следните две сезони, избрани национални селекции, вклучувајќи ја и Македонија, ќе носат уникатни дизајни на „Адидас“, развиени во тесна соработка со соодветните асоцијации. Програмата „UEFA Kit Assistance Scheme“ игра клучна улога во поддршката на националните асоцијации, обезбедувајќи пристап до високоперформансна спортска опрема прилагодена на нивните потреби.
- Домашниот дрес останува со црвена основа, а по целиот дрес ќе има жолти елементи. Што се однесува до гостинската гарнитура, таа ќе биде со бела основа и ќе има сиви квадрати.
- Ама на Таџикистан...
- Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, се враќа на репрезентативната сцена и повторно ќе предводи национален тим, првпат по заминувањето од македонската клупа.
- Неговиот нов предизвик ќе биде селекцијата на Таџикистан. Таму Мрме ќе ја преземе улогата селектор со јасна цел, подготовка за Азискиот куп во 2027 кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Помошници на Ангеловски во Таџикистан ќе му бидат Милан Илиевски и Иван Јовановски.
- Ангеловски по разделбата со Македонија имаше интернационално искуство на клупско ниво, работејќи во Горица, Каспиј и Етникос Ахна, а сега повторно се враќа на селекторска функција.