ФФМ: Благодариме Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим
1 декември 2025
- Управниот одбор на ФФМ одлучи да не го продолжи договорот со селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, на кој му истече на 30 ноември.
- Милевски ја предводеше Македонија на 48 натпревари на кои забележа 18 победи, 14 нерешени и 16 порази.
- Македонија успеа да избори два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и обезбеди настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
- „Управниот одбор на ФФМ смета дека на македонската репрезентација ѝ е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици што ја очекуваат. Веруваме дека со нов стручeн тим ќе се внесе „нов ветер“ во работата на тимот, кој ќе овозможи уште поголема конкурентност и амбиција во натпреварите на Македонија“, стои во дел од нивното соопштение.