- Фудбалскиот сојуз на Словенија (NZS) пред крајот на летото 2021 распишал тендер за подготовка на нов дизајн на дресот на словенечката репрезентација во следниот четиригодишен циклус.
- На конкурсот се пријавиле осум љубители на фудбалот со сериозно познавање од областа на дизајнот. Тие предложиле 11 различни предлози за дресови (една домашна варијанта и една гостинска варијанта).
- Фудбалскатиот сојуз на Словенија решил навивачите сами да си гласаат за нивниот омилен дрес кои би сакале фудбалерите да го носат во следните четири години на домашен и на гостински терен. (гласањето е тука)
- На досегашниот дрес кој го произведуваше Најк, Словенците го имаа нивниот најголем симбол - врвот Триглав.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.