Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Европско можеше да се игра, ама Куп на Африка би го одложиле

15 декември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Она што за Европјаните е Европско првенство кога месец дена сè е во знакот на фудбалот, за Африканците е Африканскиот Куп на нации. Сите фудбалери од овој континент со нетрпение го чекаат овој празник за да се соберат и да играат фудбал за највредниот трофеј во Африка.
  • Организаторите на Африканскиот Куп на Нации (AFCON) кој треба да се игра од 9 јануари до 6 февруари во Камерун биле загрижени за ширењето на новиот сој на вирус и можно е да се одложи.
  • Африканскиот Куп веќе еднаш беше одложен, требаше да се игра во летото 2020 но и тогаш глобалната пандемија придонесе да се пренесе за некои подобри времиња, поточно за почетокот на 2022-ра.
  • 40 фудбалери од Премиер лига се африкански репрезентативци, некои од нив најголеми ѕвезди на најгледаната лига на светот како Салах, Мане и Кеита од Ливерпул и Ријад Марез од Манчестер Сити, така што менаџерите на премиерлигашите со отворени раце би прифатиле одлука за евентуално одложување на Африканското првенство, зошто во тој период според нив во Европа се игра најважниот дел од сезоната.
  • Јирген Клоп неодамна го нарече ова првенство „Некој таму мал турнир во Африка“ и предизвика бурни реакции од африканските новинари.
  • Францускиот RMC Sport пишува дека некои селектори на африканските репрезентации биле загрижени за ширењето на новиот сој во Африка.
извор

Верон: Нико Паз прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
  • „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
  • „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
  • Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
извор

Од фудбалска школа во Струга, до тренинг со Лукаку и Канте

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
  • Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
  • Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
2

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
3

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
4

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина
5

Американска математика

Канта
6

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Наука
7

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Балканштина
8

Во Делчево веќе ништо не е исто

Македонштина
1

Т'га за Манчестер Јунајтед

Фудбал
2

Што му стана? Дефанзивец на Порто со необјаснив автогол

Фудбал
3

Голманска лудост на денот

Фудбал
4

Нервоза во Битола: Срам да ви е на сите играчи и тренери

Ракомет
5

Проблеми во Баерн, Кејн ги повредил лигаментите

Фудбал
6

Мурињо за Роналдо: „Си ги мијам рацете и не зборувам“

Фудбал
7

Како стојат во Баерн со плати?

Фудбал
8

Есапот на Рафа Бенитез за вредноста на Џерард и Карагер

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Татари не би требало да имаат ваков проблем

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Уби ме прејак Синан

Дали Куранот дозволува чупање МЕЃУ веѓи?

Што после спомениците?

Не ти требаше тоа Трендо....

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy