Енцо Мареска е нов тренер на Манчестер Сити
29 јуни 2026
- Италијанскиот стратег Енцо Мареска потпиша тригодишен договор до летото 2029 година и доби тешка задача, а тоа е да го замени Пеп Гвардиола кој им донесе 20 трофеи.
- За него ова ќе биде трет престој во клубот, каде пристигнува со искуство од Премиер лигата стекнато во Лестер и Челси.
- „Манчестер Сити е клуб што го познавам многу добро, ова е брилијантна можност за мене. Се работи за неверојатно добро управуван фудбалски клуб. Сè што прават е иновативно, планирано и со цел. За секој тренер ова е сон“, рече Мареска.