- Се будам накај 8:30 часот, на брзина се подготвувам и тргнувам накај тренинг комплексот на Лајпциг. До 9-9:30 часот треба да сум пристигнат, затоа што веднаш следува тимски доручек во кантината на клубот. После доручекот, сите одиме на тренингот кој закажан за во 11 часот. Секој ден ми изгледа вака, без големи промени и осцилации во распоредот. Малку досадно, но ова е реалниот живот на скоро-па-секој професионален фудбалер.
- Мојот ритуал пред натпревар? Секогаш се молам на Господ да биде сѐ како што треба, да немам повреди и она што ми било пишано да се исполни, ништо повеќе од тоа. Покрај овој ритуал, секогаш слушам музика и скролам по социјалните мрежи, гледам видеа кои ќе ме отргнат од грижата и мислите за престојниот натпревар.
- Омилени активности ми прошетки во природа, качување по планини, играње тенис, одење на вечера или домашни собиранки со пријателите и уште многу други.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.