- Македонскиот репрезентативец им донесе важни три бода на Наполитанците со голот на гости против Аталанта за конечни 1:2.
- За само половина час игра заработи оценка 7 и се најде во тимот на колото.
- За Елмас ова е втор гол сезонава на 9 настапи, а мечот го реши на дебито на новиот тренер Валтер Мацари.
- Новата сала ќе биде лоцирана зад Фудбалската федерација на Македонија и ќе содржи неколку мултифункционални спортски терени, наменети за различни спортови и активности.
- Со тоа, ќе се создадат современи услови за младите генерации, учениците и спортските клубови од ова подрачје да тренираат и да се развиваат во здрав дух.
- Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството за спорт и Владата на Република Македонија во соработка со Општина Аеродром.
- Утрово на улица во близина на тренинг центарот на Интер Апиано Џентиле, резервниот голман на екипата, Шпанецот Јосеп Мартинез со кола удрил во 81-годишно лице кое возело инвалидска количка. Човекот загинал на лице место.
- Набрзо улицата била затворена за сообраќај, на место на настанот дошле полициски екипи, хеликоптер и Брза помош.
- Според некои италијански медиуми, загинатиот ненадејно свртел нагло со количката во која удрил голманот на Интер Јозеп Мартинез. Поради овој настан прекината е конференцијата на тренерот на Интер Кристијан Киву пред дуелот со Фиорентина утре вечер.