- 52 годишниот швајцарско италијански адвокат е реизбран за претседател на ФИФА на формални избори каде немаше противкандидати.
- Новиот четиригодишен мандат го доби на 73. конгрес на ФИФА во Руанда, каде присустуваа и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини заедно со генералниот секретар Филип Поповски и директорот на репрезентацијата, Данчо Масев.
- Ова е официјално негов прв реизбор откако првично го презеде преостанатиот мандат на неговиот суспендиран претходник, Сеп Блатер, во 2016 година. Тоа значи дека според статутот на ФИФА може да бара уште еден мандат во 2027 година до 2031 година.
- „Во моментов ФИФА располага со фонд од 7,5 милијарди евра, а тој уште повеќе ќе се зголемува. Имавме одлична сезона со прекрасно Светско првенство во Катар и ветувам дека во следниот циклус, приходите и фондот на ФИФА ќе порасне до 11 милијарди евра. Овие средства во голема мера ќе бидат искористени за развој на фудбалот во многу држави“, изјави првиот човек на ФИФА.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.