- Фабио Канаваро, на времето најдобар стопер на светот и еден од најдобрите дефанзивци воопшто во фудбалот, не се снаоѓа во тренерска улога. Тој беше тренер во неколку клуба во Италија и во Кина но секаде доби отказ поради слаби резултати.
- Оттаму, чудеше одлуката на управата на Динамо Загреб, најтрофејниот хрватски клуб пред некој месец да го ангажира Канаваро на клупата на „модрите“ кои сезонава сменија дури тројца тренери.
- Сега хрватските медиуми откриваат дека тренерот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски по неделниот меч во Вараждин, со приватен авион заминал за Италија каде го чекале снимања за реклами.
- Играчите добиле слободен дел, немале регенерација а Фабио ја напуштил екипата во најлош момент. Динамо Загреб повторно киксираше во хрватската лига каде има 7 нерешени и 7 порази и заостанува 5 бода зад лидерот Хајдук Сплит и 4 бода зад Ријека. До крајот на првенството во Хрватска има уште 8 кола.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.