- Репрезентативецот на Велс, Дејвид Брукс, кој го постигна израмнувачкиот гол во 96-та минута на синоќешниот меч против Македонија, изјави дека неговата селекција не заслужила да загуби на овој натпревар.
- „Ова беше многу тежок меч. Гостувањата на вакви терени секогаш се предизвик. Нашиот легендарен играч направи мала грешка, а тимот сакаше да му помогне. Благодарен сум што јас бев тој што го постигна голот. Заслуживме можеби и повеќе, но на крајот мора да го прифатиме бодот, знаејќи колку бевме блиску до пораз. Ќе беше многу неправедно Македонија да освои три бода“, изјави членот на Борнмут.
- Следните два меча за Македонија се на 6 јуни против Белгија дома и на 9 јуни против Казахстан на гости.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.