Да се потсетиме на првиот Македонец што играше на Гренд слем турнирите
30 јуни 2026
- Денеска сите стискавме палци и навивавме за нашата Лина Ѓорческа, во својот прв настап на еден од Гренд слем турнирите. Но да се потсетиме и дека Македонија во периодот 1997 до 2002 година имаше редовен учесник на овие најголеми турнири, но во двојки.
- Александар Китинов, кој стигна и до 38 место на АТП листата, во двојки во 2001 година на Вимблдон стигна до третото коло. Тој во таа негова најуспешна година играше и на останатите Гранд слем турнири при што на Ролан Гарос и Австралија Опен стигна до второто коло, а на УС Опен беше елиминиран во првиот меч.
- Вкупно Китинов на сите четири Гранд слем настапи седум пати во двојки и уште девет пати во мешани двојки.