- Центарот за управување со кризи преку соопштение ја информираше јавноста за деталите околу настанот во подножјето на Титов Врв на Шар Планина каде едно лице загинало при пад во провалија а други три лица се повредени.
- Старешина од ЕБР се упатил во насоката кај провалијата да го пронајде изгубеното лице, но се лизнал и паднал при што доживеал тешки повреди. Тој се јавил преку радио врска и кажал дека не знаел каде се наоѓа и дека има повреди.
- Јунак во целата ситуација бил познатиот алпинист Надир кој се впуштил сам во спасувачка акција.
- Светската фудбалска федерација ФИФА официјално ја соопшти дисциплинската мерка за фудбалскиот сојуз на Србија. Поради низа пропусти на мечот со Англија, ФИФА најави казни. Во меѓувреме Фудбалскиот сојуз на Србија реши да го премести домаќинството за мечот со Албанија од Белград во Лесковац, на новиот но далеку помал стадион „Дубочица“ од безбедносни причини.
- ФИФА го намали капацитетот за овој меч на 20% па на трибините на дуелот Србија - Албанија би требало да има околу 6.500 гледачи што е неспоредбено помалку во однос на она колку можеше да има на белградскиот стадион „Рајко Митиќ“.
- Делегатот на дуелот Србија - Англија, Емил Убиас од Чешка евидентирал многу пропусти: светење со ласер, блокирани приоди и скали, нереди на трибините, хомофобни и навредливи скандирања, свирежи на химната на Англија.
- Пред натпреварот Ница - Рома (1-2) од 1. коло во Лига Европа, француската полиција осуетила и привела повеќе од 100 навивачи на Рома меѓу кои нашле арсенал студено оружје, палки, метални шипки, боксувачи, димни бомби и др.
- 28 навивачи од Рим по брза судска постапка биле осудени на минимум 2-месеци затвор во Ница и таму ќе останат најмалку до крајот на ноември. На оние кои се ресидивисти, односно кои го повториле делото и биле учесници во инциденти и нереди на натпреварите против Тотенхем, Билбао и Сервет, им се заканува и затворска казна до 5 години. Обвинителството во Ница им ги одбило барањата за депортација. Останатите 89 биле депортирани назад во Италија на нивен трошок.
- Рома победи 1-2 со головите на двајцата стопери Еван Ндика и Џанлука Манчини.