- За Чави Симонс сезонава, а веројатно и годината е завршена со играње фудбал. Го пропушта и Светското првенство, откако викендов ги скина лигаментите.
- Симонс се повреди во вториот дел од мечот, кој Тотенхем го доби против Вулверхемптон со 1-0 и беше изнесен со носилки.
- Ова е хендикеп за Тотенхем кој се бори за опстанок, како и за селекцијата на Холандија која е во група со Јапонија, Шведска и Тунис.
- Завршувањето на УС опен донесе големи промени на АТП-листата, а најголемо внимание предизвикува падот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер од денеска повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот.
- Јаник Синер останува прв со 11.500 бодови, но неговата предност пред Александар Ѕверев е значително намалена. Германецот по освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 8.990 бодови и дополнително се доближи до лидерската позиција.
- Карлос Алкараз ја задржа третата позиција со 5.560 бодови.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.