- Со убедливата победа од 4-0 над Бохум, Баер Леверкузен остана непоразен на првите 25 меча од сезоната во сите натпреварувања. Баер на прво место ја завршува првата полусезона во германската Бундеслига со 42 бода и со победа над големиот Баерн Минхен кој има четири бода помалку.
- „Аспиринџиите“ играат одлично и во германскиот Куп а досега сезонава постигнаа 81 гол, примија само 18 на 25 натпревари во сите турнири и на 11 меча ја сочуваа својата мрежа. Неверојатен успех за тренерот Чаби Алонсо кого веќе го пикираат најголемите европски клубови.
- Фудбалската федерација на Македонија го претстави новиот дрес на репрезентацијата изработен од „Адидас“, а во рамките на „UEFA Kit Assistance Scheme“.
- Десет репрезентации од Европа ќе настапуваат со дресови дизајнирани во сличен тон, со своите национални обележја, а една од нив ќе биде и Македонија. Во следните две сезони, избрани национални селекции, вклучувајќи ја и Македонија, ќе носат уникатни дизајни на „Адидас“, развиени во тесна соработка со соодветните асоцијации. Програмата „UEFA Kit Assistance Scheme“ игра клучна улога во поддршката на националните асоцијации, обезбедувајќи пристап до високоперформансна спортска опрема прилагодена на нивните потреби.
- Домашниот дрес останува со црвена основа, а по целиот дрес ќе има жолти елементи. Што се однесува до гостинската гарнитура, таа ќе биде со бела основа и ќе има сиви квадрати.
- Ама на Таџикистан...
- Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, се враќа на репрезентативната сцена и повторно ќе предводи национален тим, првпат по заминувањето од македонската клупа.
- Неговиот нов предизвик ќе биде селекцијата на Таџикистан. Таму Мрме ќе ја преземе улогата селектор со јасна цел, подготовка за Азискиот куп во 2027 кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Помошници на Ангеловски во Таџикистан ќе му бидат Милан Илиевски и Иван Јовановски.
- Ангеловски по разделбата со Македонија имаше интернационално искуство на клупско ниво, работејќи во Горица, Каспиј и Етникос Ахна, а сега повторно се враќа на селекторска функција.