- Секој од четворицата борци на македонскиот „House of Grappling Arts“ се врати со минимум едно злато од турнирот во бразилско џиу-џицу АЈП Словенија.
- На турнирот Дарко Тасевски е најдобриот без ги, бел појас во категорија 94 килограми; Емил Климовски има злато во бел појас со ги, категорија 120 килограми; Нинослав Саботковски освои злато без ги, бел појас, 85 килограми; а Давид Ровчанин собра две злата едно без ги, црн појас, категорија 94 килограми, едно со ги, црн појас, категорија 120 килограми. Дарко и Емил имаат плус и едно сребро и една бронза.
- ХГА и вториот македонски клуб што настапуваше на АЈП Словенија, Енсо џиу-џицу, имаа вкупно 14 победи на турниот, со што Македонија се пласираше на 5-то место (од вкупно 21) на АЈП Словенија.
- „Секогаш се обидувам да го дадам мојот најдобар перформанс на тренинг и сум многу задоволен од моите интервенции и од можноста да му помогнам на тимот“.
- „Работев многу за да бидам добро, се чувствувам добро и давам максимум на секој тренинг и натпревар. Најважната работа е тимот и трите бода на секој натпревар. Јас сум во мојот најдобар момент во Валенсија, но можам да дадам повеќе.“
- „Секогаш сум бил смирен, со самодоверба, бидејќи знам на што сум способен и што сум постигнал досега. Секогаш се обидувам да им дадам смиреност и сигурност на моите соиграчи“, вели Димитриевски во интервју за VCF Media Radio’s Informatiu.
- На Светското првенство во снукер, Иранецот Хосеин Вафаеи направи големо изненадување откако го совлада светскиот број 1 Британецот Џуд Трамп 13-12 и се пласираше во четвртфиналето.
- Интересно Вафаеи требаше да помине низ квалификациите за да се пласира на Светското првенство. Тој го победи фаворитот за титулата Џуд Трамп и тоа е најголемо изненадување на целиот турнир.
- „Не се плашам од ниеден од нив и тие го знаат тоа“, рекол Иранецот Вафаеи за БиБиСи после големата победа во Шефилд, Англија.