- Само пет месеци откако замина во саудиски Ал Ахли од Ливерпул каде играше цели осум години, Бразилецот Роберто Фирмино сега е на праг да се врати во Англија.
- Бразилскиот центарфор со црвените освои полн кабинет трофеи: Премиер лига, Лига на шампиони, ФА Куп, Лига Куп, УЕФА Супер Куп и Светско клупско првенство. Откако и двете страни се презаситија, Фирмино направи богат трансфер во Саудиска Арабија.
- Сега сака да се врати во Европа а веќе интерес пројавиле Шефилд Јунајтед кој грчевито се бори за опстанок во Премиер лига и Фулам. Интересно тој тргна блескаво во Саудиска Арабија, уште на првиот меч беше капитен на екипата и постигна хет-трик, ама остана на тие три гола на следните 19 меча со што не ги задоволил ни тренерот ни клупските челници.
- Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град пресуди дека клубот, основан во 1911 година ќе биде ликвидиран.
- Долгорочните финансиски проблеми се причината за оваа тажна вест која доаѓа од италијанскиот фудбал. Долговите изнесувале околу 20 милиони евра.
- На клубот му биле одземени 8 бода, што довело до испаѓање во Серија Ц, за потоа да не успеат ниту да регистрираат играчи. Бреша остана без лиценца за натпреварување во професионалните лиги на италијанскиот фудбал.
- Бреша е асоцијација за Роберто Баџо, а дресот на овој тим го имаа носено и Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Марек Хамшик, Сандро Тонали...
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.