- Легендарниот хрватски фудбалер и фунцкионер, ја напушти функцијата шеф за фудбалски прашања во УЕФА. Тој важеше за најблизок соработник и десна рака на претседателот на УЕФА Словенецот Александар Чеферин, но во последно време ја расипале калимерата.
- Хрватски Гол.хр пишува дека несогласувањата внатре во УЕФА настанале откако Чеферин запнал да го промени статутот на УЕФА со цел да остане подолго на должноста односно да биде избран за уште еден нов мандат.
- „Со тага и тешко срце, немам друг избор освен да ја напуштам УЕФА. Не пробувам да бидам некој вид херој, особено што не сум сам во своите размислувања тука“, рекол Бобан чие заминување значи дека во УЕФА дефинитивно нешто не штма. Чеферин кој е адвокат по професија, е прв човек на УЕФА од 2016-та година. Според статутот, претседател на УЕФА може да има максимален мандат од 12 години.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.