- Барселона игра врвна сезона под водство на германскиот тренер Ханси Флик. Каталонците се први во Ла Лига со 4 бода предност пред најголемиот ривал Реал Мадрид. Во Лига на шампиони сеат страв откако му дадоа 7 гола на Њукасл и ќе играат против Атлетико Мадрид на Симеоне во четвртфинале (8/14 април).
- На домашен терен Барселона сезонава има 15 победи на 15 натпревари и тоа е неверојатен успех особено ако се земе предвид дека играа дома на 3 места, на стадиончето „Јохан Кројф“ каде игра нивниот Б тим додека „Камп Ноу“ се реновираше, на „Олимпискиот стадион“ на Монжуик и сега веќе неколку натпревари на реновираниот „Камп Ноу“.
- Барселона славеше дома против Валенсија, Хетафе, Реал Сосиедад, Жирона, Елче, Атлетик Билбао, Алавес, Атлетико Мадрид, Осасуна, Овиедо, Мајорка, Леванте, Виљареал, Севиља и Рајо Ваљекано.
- Им остануваат уште 4 натпревари на домашен терен до крајот: Еспањол, Селта Виго, Реал Мадрид и Бетис за да комплетираат чудесен низ од 19 победи на 19 натпревари!
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.