- „Нашите репрезентативци доаѓаат и ќе доаѓаат од македонската лига бидејќи е квалитетна. Физичката кондиција не се стекнува преку ноќ, па затоа апелирам сега во време кога ни растат апетите и амбициите, во време кога создадовме квалитетен производ, сите да работат на прилагодување на трендот – брз ракомет.
- Да се посвети внимание на репрезентативците во делот на кондиција во иднина, но и самите играчи кои го носат националниот дрес да вложуваат во себе за да го издржат физичкиот предизик на големите натпреварувања.
- Анализите покажуваат дека просечниот напад на една репрезентација од Топ 10 трае околу 30 секунди, додека во послабите репрезентации тој е 45 секунди. Во нашето првенство имаме напад кој трае 1:15 или 1:45. Мора ова да се промени и сите да помогнат за да ракометаритe го издржат ритамот на еден ваков силен турнир“, објасни Лазаров во студиото на МТВ за време на мундијалското финале.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.