- Двократниот европски шампион, турскиот гигант Анадолу Ефес го отпуштил тренерот Ердем Чан кој на клупата на овој тим седна во јуни 2023-та наместо Ергин Атаман кој му донесе две евротитули на Ефес во 2021 и во 2022.
- 43-годишниот Ердем Чан кариерата ја почнал во Турк Телеком како помошник во 2008-ма па потоа му бил асистент на Жељко Обрадовиќ во Фенербахче кога освоија четири шампионски титули во Турција, три Купа и 1 Евролига во 2016/2017.
- Чан кратко бил асистент и во Јута Џез но сезонава под негово водство Ефес игра очајна сезона и има дури 15 порази во Евролига. Капак на сè бил синоќешниот пораз со дури 26 разлика од Жалгирис.
- Одбојкарската репрезентација на Македонија помалку го обели образот и со триумф го заврши своето четврто учество на европските првенства, совладувајќи го Израел со 3:0 во Софија, по сетови 25-21, 25-23 и 25-22.
- Капитенот Никола Ѓорѓиев уште еднаш беше најдобар поединец во македонската репрезентација со 20 поени, пред Стојан Илиев со 14.
- Единствената победа на шампионатот по четирите максимални порази ги искачи „црвено-жолтите“ на петтото место во групата Б, оставајќи ги Израелците зад нив и спречувајќи ги да се пласираат во осминафиналето.
- Македонија претрпе 4 порази во групната фаза: од домаќинот Бугарија, од големиот фаворит за титулата Полска, од силната Украина и од Португалија. Со триумф над Израел Македонија со 1-4 го заврши учеството на четвртото Европско првенство по ред.
- Во годината кога по речиси дведецениска пауза го освои Купот на Македонија, ФК Вардар забележа и успех на финансиски терен.
- Приходот го зголеми за 544 насто, а добивката за 158 насто. Сепак, финансискиот семафор покажува дека фудбалскиот клуб сè уште игра тежок меч со наталожените обврски и загуби.
- Вардар има вкупни обврски од 5,13 милиони евра. Сите се прикажани како краткорочни. Иако износот е намален во однос на состојбата од 2024 година и тогашните 6,43 милиони евра, сепак обврските и натаму се повеќе од 32 пати поголеми од вкупната актива.
- Најголемиот дел се однесува на обврските по заеми и кредити од речиси 3 милиони евра, стои во анализата на pari.com.mk.