- Кошаркарската федерација соопшти дека Американецот Ти-Џеј Шортс прифатил да игра за Македонија.
- Се работи за плејмејкер на Телеком Бон кој мината сезона бил најдобар стрелец во Бундеслигата со просечни 20,6 поени, а сезонава во Лигата на шампионите на ФИБА на три средби има просек од 26,7 поени и 7,7 асистенции.
- Ти-Џеј Шортс ќе биде 11. Американец кој го носел дресот на Македонија. Пред него играа Џејкоб Вајли, Ричард Хендрикс, Џордан Теодор, Лестер Бо Мекејлеб, Маркиз Грин, Џерамаја Мејси, Дариус Вашингтон, Мајк Вилкинсон, Рајан Стак и Кенијон Џонс.
- Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат дуели со Норвешка и Данска во претквалификациите за Евробаскетот 2025 година.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.