- Навивачите на екипите кои ќе се пласираат на завршниот турнир Ф4 од Евролигата сезонава ќе го имаат тоа задоволство да го слушаат легендарниот бенд Ајрон Мејден.
- Управата на Евролигата и домаќините од ОАКА Арената во Атина го закажаа финалниот тунир за 23. мај 2026. година. Ден претходно ќе се играат двете полуфинални средби а за 23-ти е закажано големото финале.
- Пред финалето ќе свири култниот бенд Ајрон Мејден кој со генералните проби претходно „ќе ги размрда“ кошаркарите и навивачите.
- Возачот на Мерцедес, Италијанецот Кими Антонели (19) е победник на трката за Големата награда на Јапонија, трета овосезонска трка од шампионатот Формула 1.
- Младиот Италијанец роден во Болоња, на легендарната патека „Сузука“ ја прослави втората победа по ред откако славеше на претходната трка во Кина. Антонели победи со десетина секунди предност во однос на Оскар Пјастри од Мекларен, а на трето место заврши Шарл Леклер од Ферари.
- Антонели сега стана најмлад лидер во историјата на Ф1, на возраст од само 19 години и 216 дена. Претходниот рекорд го држеше Луис Хамилтон од Ферари кој во 2007-ма како возач на Мекларен беше прв во генералниот пласман на само 22 години и 126 дена. Тогаш на крајот од сезоната Хамилтон заврши втор но од 2008-ма ја започна трофејната берба.
- Трката во Јапонија ја одбележа тежок и страшен судар на возачот на Хас, Оливер Берман. Младиот Британец изгуби контрола над болидот и излета од патеката, прелета неколку метри и удри во заштитната ограда. За среќа возачот на Хас минал без посериозни повреди.
- Турските медиуми објавија голем скандал со претседател на македонски прволигаш, вмешан во криумчарење на злато.
- Лицето Б.Х. било уапсено од страна на полицијата на патот меѓу градовите Батман и Сиирт на 24 март.
- Полицијата во возилото на претседателот на екипата од Првата македонска фудбалска лига открила злато со тежина од два килограми и 581 грам, кое е проценето на 300.000 евра.