- За време на мечот АЕК Атина - Ајакс (1:1) во рамки на 2. коло од Лига Европа, поединци на домашната навивачка трибина зад едниот од головите извадија парола „Косово е Албанија“.
- Реакцијата во медиумите од регионот беше збунувачка, а голем број навивачи на АЕК исто го осудиле чинот. Се огласија и од клубот во кое најостро го осудуваат гестот и велат дека работат на откривање на одговорните.
- „АЕК изразува гадење и недвосмислено ја осудува појавата макар и на неколку секунди на транспарент со екстремно националистичка содржина на нашиот стадион, што нема никаква врска ниту со историското потекло на нашиот клуб, ниту со она за што се залага од своето основање. АЕК наведува дека нема да остане на ова. Одговорните ќе бидат пронајдени и ќе им биде изречена трајна забрана за влез на нашиот стадион“.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.