- Кошаркарската федерација на Македонија, наскоро веројатно ќе има нов претседател, бидејќи официјално, иницијативата за смена на Антиќ е поднесена со огромна поддршка од 37 клубови потписници.
- Иницијаторите се обидоа да го сторат тоа и во декември минатата година, но актуелниот претседател не ја ставаше на дневен ред точката за (не)доверба на претседателот, поради членот во Статутот што му гарантираше две години од мандатот по неговиот реизбор во 2023 година.
- Тој рок од две години измина на 29 март, по што денеска и официјално беше поднесено барање за Вонредно собрание кое според актите на КФМ, Антиќ мора да го свика во рок од 14 дена.
- Се очекува на следното собрание единствен кандидат за нов претседател да биде Младен Ѓуроски, кој впрочем и лично ја поднел иницијативата во куќата на кошарката.
- ФК Вардар денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра.
- „Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од предходните сопственици, акционери и одбор на директори. Период пред летото 2024-та.
- Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА“, стои во соопштението на клубот.
- Ракометарите на Вардар 1961 по четири години се враќаат во Лигата на шампионите на ЕХФ, а првиот натпревар во новата сезона ќе биде особено интересен. „Црвено-црните“ гостуваат кај Мелсунген во Касел, во натпреварот кој ќе се одигра во четврток од 20:45 часот (пренос Арена Спорт ТВ).
- Мелсунген, пак, за првпат во историјата ќе игра во елитното европско натпреварување, откако минатата сезона ја освои Европската лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите.
- Интересно црвено-црните минатата сезона на два пати убедливо го совладаа Мелсунген кој подоцна го крена трофејот во Европската лига. Тогаш, според зборовите на тренерот Чупиќ Мелсунген имал неколку повредени ракометари и играл ослабнат а сега е голем фаворит како сила од Бундеслигата.