- Лехија Гдањск денеска гостува во Скопје за реваншот против Академија Пандев во првото квалификациско коло од Конференциската лига, кое ќе се игра на стадионот на ФФМ.
- За македонската полиција ќе има многу работа, бидејќи Пољаците се собираат во центар од каде ќе маршираат сѐ до Ново Лисиче, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, а во исто време се најавени протести пред собрание.
- Првиот меч Лехија го доби со 4:1, а средбата беше во прекин околу 40 минути поради тоа што домашните навивачи се тепаа меѓу себе на трибина.
- Првиот човек на Баер Леверкузен побарал од фудбалските власти да внесат ограничувања на плати во фудбалот со цел да се намали огромната разлика, по примерот на НБА каде не можеш да трошиш колку што сакаш туку има таканаречен селари-кап кој те ограничува.
- Според Фернандо Каро, таква мерка ќе ја скрати доминацијата на англиската Премиер лига на пазарот.
- „Премиер лига стреми да стане водечка сила во Европа и дури и во Лига на шампиони. Видете, јас сум против такви тешки нагли правила, но за ова мора да се избориме. Ние меркавме еден играч. Летово се обидовме да потпишеме со него но нов англиски премиерлигаш понуди повеќе и предложи поголема плата од сите четири најсилни клубови во Германија. Премиер лига има многу повеќе пари и ресурси од која било друга лига. Тоа е катастрофа по нас. Многу е лошо“, рекол Фернандо Каро на конференцијата Фјучр оф Фајнанс на Блумберг во Франкфурт.
- Светската фудбалска федерација ФИФА официјално ја соопшти дисциплинската мерка за фудбалскиот сојуз на Србија. Поради низа пропусти на мечот со Англија, ФИФА најави казни. Во меѓувреме Фудбалскиот сојуз на Србија реши да го премести домаќинството за мечот со Албанија од Белград во Лесковац, на новиот но далеку помал стадион „Дубочица“ од безбедносни причини.
- ФИФА го намали капацитетот за овој меч на 20% па на трибините на дуелот Србија - Албанија би требало да има околу 6.500 гледачи што е неспоредбено помалку во однос на она колку можеше да има на белградскиот стадион „Рајко Митиќ“.
- Делегатот на дуелот Србија - Англија, Емил Убиас од Чешка евидентирал многу пропусти: светење со ласер, блокирани приоди и скали, нереди на трибините, хомофобни и навредливи скандирања, свирежи на химната на Англија.