Натпреварот на ултра модерниот стадион „Полсат Плус Арена“ кој има капацитет од 43.615 седечки места, беше прекинат рано, уште во 5’ минута од мечот.
Главниот судија реши да го прекине натпреварот поради жестоки тепачки на една од трибините зад едниот гол каде се судриле две фракции навивачи на Лехија Гдањск.
Прекинот траеше речиси 40-ина минути додека битката на трибината не се смири. Домашните навивачи залудно се обидуваа да ги смират разулавените фракции кои крвнички се тепаа, најверојатно за превласт на трибината:
DONC LÀ LE MATCH EST ARRÊTÉ CAR LES ULTRAS DU LECHIA SE TAPENT ENTRE EUX DANS LES TRIBUNES! APRÈS DIX MINUTES DE FOOT EN CETTE SAISON 2022-23! DEHORS GDANSK DEHORS! pic.twitter.com/bg7jHMDe7P
— 𝗣𝗶𝗹𝗸𝗮 & 𝗡𝗼𝘇𝗻𝗮 🇵🇱 (@FootPolak) July 7, 2022
— Seba ⚒️ 🇵🇱 💙💛 (@1946ZL) July 7, 2022
Bagarre dans la tribune des ultras du Lechia Gdańsk ?? Match interrompu@_ekstraklasafr_ @FootPolak pic.twitter.com/7DlHuZ8328
— Clement38 (@clempe_38) July 7, 2022
07.07.2022, Lechia Gdansk🇵🇱 - Akademija Pandev, fights in Lechia sector https://t.co/Fjy3xrlEmQ#lechia #gdansk #hooligana pic.twitter.com/4Z5W1ygvYQ
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) July 7, 2022
Што се однесува до самиот натпревар, Академија Пандев загуби 4-1, а мечот беше решен уште во првиот дел после 39’ минути игра кога Лехија водеше со 3-0.
На крајот конечни 4-1. Единствениот погодок за Струмичани го даде Душан Јоковиќ, а кај домашните од Гдањск најефикасен беше Флавио Паишао со хет-трк а еден гол даде Лукаш Зволински.
Реваншот е следната недела на теренот на Фудбалската федерација на Македонија.