Кошаркарите на Атланта Хокс славеа висока победа од 87:111 на шестиот плејоф натпревар против Бруклин. Со вкупни 4:2 Хокси обезбедија пласман во полуфиналето на Источната конференција каде ќе се сретнат против Вашингтон.
Лос Анџелес Клиперс го совлада Сан Антонио 102:96, израмни на 3-3 и на свој терен ќе ја бара шансата за пласман во полуфиналето на Западот. Предводен од Џими Батлер и Пау Гасол, Чикаго Булс ја оствари најубедливата плејоф победа од 1956. година.
Синоќа Мемфис го совлада Портланд и закажа дуел со апсолутниот лидер Голден Стејт, додека Атланта е на чекор од следната рунда. Половина екипа на Хокси играше под повреда.
Кошаркарите на Хјустон се во полуфиналето, а после елиминацијата на Далас на повидок е ново дерби на Тексас. Шампионот Сан Антонио подобар од ЛА Клиперс 111:107.
Кога некој ќе ја фрли од нигде никаде и ќе даде кош, кај нас викаме бугарски шут. Она што му појде од рака на Пачулија од Милвоки Бакс против Чикаго Американците го викаат циркуски поен.
Кошаркарите на Вашингтон и Кливленд се пласираа во следната рунда на источната конференција. ЛА Клиперс го доби Сан Антонио и израмни на 2-2 во серијата, во која Далас уште се држи со Хјустон Рокетс.
Кошаркарите на Голден Стејт со убедливи четири победи против Њу Орлеанс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Чикаго загуби од Милвоки со кош во последната секунда и сега е 3-1 за Булси во серијата.
Кавај Леонард сам го победи Далас Маверикс и го водеше Сан Антонио до 2-1 во плејоф серијата. Одлична вечер за Полјакот Гортрат од Вашингтон кој сега води 3-0 против Торонто Репторс.
На Чикаго Булс му требаше две продолженија за да го совлада Милвоки и да поведе 3-0 во плејоф серијата. Леброн го водеше Кливленд до гостинско славје во Бостон, а Кари како по обичај лидер на Вориорс.
Погруб дуел на двајца играчи под кошот автоматски значеше и брканица на паркетот. Третиот го искористи метежот, па со топка го удри во глава инцијаторот на целата збрка. Епилог: Сите тројца исклучени.
Кошаркарите на Сан Антонио предводени од Тим Данкан стигнаа до израмнување во серијата против Хјустон Рокитс. Перо Антиќ постигна 8 поени за Хокси во тешкиот триумф против Бруклин Нетс 96-91.
Четвртиот ден од НБА плејофот наликуваше на Ол старт викенд. За шоуто се погрижи Кралот Џејмс кој му ја донесе втората победа на Кливленд, а празник за очи под кош направија и Џош Смит и Двајт Хауард за втор триумф на Хјустон.
Далас го загуби првиот плејоф натпревар од Хјустон, а тоа воопшто не го поднесе лесно германскиот центар и му се нафрли на микрофонот кој инаку работеше.
Предводени од Стеф Кари и Клеј Томпсон, Вориорс поведоа 2-0 против Њу Орлеанс Пеликанс во плејоф серијата. На 2-0 поведе и Чикаго Булс против Милвоки Бакс.
Прес конференциите на еден од најтрофејните тренери во НБА се редовно најпосетени. Поповиќ редовно и досетливо ги засмева новинарите, а синоќа ги тролаше затоа што поставувале глупави прашања, а тој едвај чекал да оди да јаде и пие. Неговиот Сан Антонио синоќа загуби од ЛА Клиперс.
Започна НБА плејофот во кој 16 франшизи ќе се борат за трофејот Лери О’Брајен. Статистичарите во САД за таа прилика подготвија графика на реалниот минус и плус на секој поединечен тим и играч во доигрувањето.
Регуларниот дел од НБА сезоната донесе неколку „бугарски“ шутеви кои сигурно ќе се паметат за време и после плејоф натпреварите. Кајри Ирвинг, Стеф Кари и уште осум кошаркари ги дадоа најубавите фрљотки сезонава.
Синоќа во НБА плејофот се одиграа четири натпревари, а победи славеа Кливленд, Мемфис, Атланта и Лос Анџелес Клиперс. Нова повреда за првотимец на Хокси.
Фаворитите ја оправдаа улогата на стартот од четврт-финалните дуели во НБА плејофот. Чикаго убедлив против Милвоки, а Голден Стејт Вориорс против Пеликанс.
По настанот што ја разбрани светската јавност, медиумите во САД го одврзуваат клопчето и откриваат како полицијата вешто сокрила дека нивни припадници тешко го повредиле Сефолоша, за кого сезоната е завршена.