Кошарка

Атланта загуби, Брајант стигна до 32.000 поени

Перо Антиќ ја имаше последната прилика да го израмни резултатот против Лејкерси, но на 6 секунди до крајот на мечот не успеа да ја погоди тројката за продолженија.

Василије од Баерн даде кош од столче

Бо Мекејлеб вчера потпиша со евролигашот Баерн Минхен, а конкуренција за позицијата плејмејкер ќе му биде Србинот Василије Мициќ, кој на тренинг погоди седејќи.

Нов пораз на МЗТ во Скопје

Во 8. коло од Јадранската лига, кошаркарите на МЗТ Скопје го загубија и четвртиот натпревар по ред. Металац направи серија 11:0 во последните 2 минути и славеше 58:64.

Кливленд со убедлив триумф и ја прекина серијата на Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс беа немоќни против составот предводен од Леброн Џејмс кој стана првиот тим оваа сезона во НБА лигата со 11 постигнати тројки на еден натпревар.

Потези на вечерта во НБА

Забивања, ретки дриблинзи и тешки фаули на 9 натпревари синоќа во НБА. Рони Прајс суспендиран поради бруталниот фаул, Руди Гоберт и натаму удира банани како на тренинг, а забивањето на вечерта го имаше Брендон Џенингс.

Портланд даде 130 коша, нов пораз на Лејкерс

Перо Антиќ од натпревар во натпревар добива поголема минутажа во Атланта. Во вчерашниот триумф против Јута Џез, Антиќ одигра 20 минути и постигна 5 поени со 5 скока.

Дирк Новицки им пркоси на годините

Во дуелот против Сакраменто, Германецот уфрли 23 коша, со што го премина Хаким Олајџувон на деветтото место на листата најдобри поентери во историјата на НБА и стана најефикасниот странец кој играл во лигата.

Од таму шутирај колку сакаш (велешка верзија)

Петар Виларов од Борец ја има тројката од 9 метри за која совршено се лепи неповторливиот коментар од ЕП 2009 помеѓу Македонија и Израел.

Горан Геровски: Некој не му мисли добро на Работнички

Претседателот на тимот од „Градски парк“ за Офф.нет.мк вели дека во записникот на судијата и делегатот има изменети факти и неправилности, а со денешната изјава на Огнен Дедиќ се влијае врз арбитражната комисија која најдоцна утре треба да ја донесе одлуката за иднината на Работнички.

17 минути и 2 коша за Перо Антиќ против Њујорк

Голден Стејт не знае за пораз, откако вечерва ја славеа петтата победа во низа. Кави Леонард промаши во последната секунда и Спарси загубија од Њу Орлеанс.

Не помогна ни Боби Митев, МЗТ Скопје повторно поразен

Тренерската смена не ги размрда кошаркарите на МЗТ Скопје, кои го загубија и петтиот натпревар во АБА лигата. Партизан во Белград беше подобар за 15 коша (65:50). 40-ина членови на Фемили на полувремето влегоа во салата.

Пораз за Атланта со звукот на сирената

Хокси го забележаа и третиот пораз оваа сезона во НБА лигата, откако на гости во Шарлот не ја издржаа битката во последните секунди и загубија со 122:99.

Кој е Мута Николиќ, новиот тренер на МЗТ?

Скопскиот клуб се договорил со поранешниот кормилар на Раднички Крагуевац и актуелен помошник во српската селекција. Мута важи за тренер кој не знае да изброи до 10 и зборува на прва сè што мисли.

Врбица си замина од МЗТ?

Врбица Стефанов не дошол на вчерашниот тренинг на МЗТ, и веќе се знае дека тој повеќе нема да биде тренер на скопскиот клуб.

Антиќ: Љубовта спрема браќа не се дели

„Да бев во Европа и да можев да спојам два дена, веднаш ќе се качев во авион за да присуствувам на тој меч“, вели кошаркарот на Атланта Хокс.

Џинобили им пресуди на Антиќ и Атланта

Иако Хокси одиграа одлично второ полувреме и го држеа натпреварот во егал, последните два коша беа дело на Аргентинецот со кои Сан Антонио славеше 94:92 против Атланта.

Фемили Аеродром упадна во Градски парк

Вчера вечер во салата Градски Парк влегла група навивачи на МЗТ Скопје и ги нападнала неколкуте членови на ЦПБ, по што им зеле дел од кореографија подготвувана за денешниот дуел.

Антиќ со најдобар потег на неделата

Перо Антиќ го пропушти првиот меч сезонава во НБА лигата и заигра во второ коло против Индијана, а тоа му беше доволно да се најде во топ 5 листата на најдобри потези на Хокси.

НБА од перспектива на Терминатор

Графичкиот приказ на акцијата е дел од најновата технологија со помош на која ќе може да се прати разновидна статистика во живо за време на натпреварите во најсилната кошаркарска лига во светот.

Пораз за МЗТ пред градското дерби

Кошаркарите на Цедевита ја оправдаа фаворитската улога и славеа против МЗТ Скопје со 61:76. По минати 5 кола од Јадранската лига, тимот од Аеродром има 3 порази. Бекот Диксон дебитираше со 5 коша.

Антиќ солиден во триумфот над Индијана, Лејкерс 0-4

Перо Антиќ не играше против Торонто во првото коло, но во второто имаше добра партија против Пејсерси. Хокси славеа 102:92 за прва победа во новата сезона од НБА лигата.

Кога игравме еден на еден со Дамјан го рогавме баскетот и си одевме дома

Македонскиот репрезентативец кариерата ја почна во КК Вардар, а сезонава со Алба Берлин го освои гермнаскиот куп и заигра во Евролигата. Како дете лепел постери од Џинобили, а пред три недели прво го победи, а потоа и вечераше со него и останатите НБА шампиони.

Лејкерски се прочитани во напад

Одбраната на Лос Анџелес Лејкерс не им е силна страна и тоа е јасно, но Бајрон Скот ќе треба под итно нешто да менува и во напад.

Цел Кливленд дише со Леброн Џејмс

Во 2003 година го избраа за прв пик на драфтот, а по седум години ги напушти и замина во Мајами. Во очи на неговиот кам бек на теренот во североисточно Охајо каде вечерва игра против Њујорк Никс, Најк направи реклама на која сигурно ќе се напали цел град.