Атланта загуби, Брајант стигна до 32.000 поени

Перо Антиќ ја имаше последната прилика да го израмни резултатот против Лејкерси, но на 6 секунди до крајот на мечот не успеа да ја погоди тројката за продолженија.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс конечно ја прекинаа лошата серија и стигнаа до вториот триумф оваа сезона во НБА лигата, додека Јастребите по 10 кола имаат по пет победи и порази.

Најзаслужен за победата на Лејкерски беше Коби Брајант кој постигна 28 поени и успеа да ја мине границата од 32.000 коша во кариерата. Пред него на листата на најдобри стрелци во најсилната кошаркарска лига во светот е Мајкл Џордан кој е на четврто место со 32.292 коша.

На нешто повеќе од една минута од крајот главниот играч на ЛА ги постигна клучните поени и со тоа му донесе предност на својот тим од 6 поени предност.

При резултат 109:112 кој беше и конечен, Антиќ промаши тројка и не успеа да го однесе мечот во продолженија. Тој за 18 минути игра ги промаши сите четири обиди од линијата за три поени и заврши со учинок од 4 поени и 8 скока.

Кај Хокси најефикасни беа Пол Мислап со 29 и Џеф Таг со 23 поени. Кам бек во Лејкерси по повредата направи Ник Јанг кој забележа 17 поени, а втор стрелец кај Лејкерски беше Карлос Бузер со 20 поени и 10 скокови.

19 ноември 2014 - 10:20