Кошарка

Најголемата шака од НБА која го разнесе Гасол

Јанис Андетокумбо во четвртфиналето на ЕП меѓу Грција и Шпанија му залепи толку силна банана на Пол Гасол што топката се одби од табла и стигна до линијата за три поени. И тоа не е воопшто чудно кога ќе видите колкава му е раката.

Евробаскетот продолжува на фудбалски стадион

Најдобрите 16 репрезентации кои се пласираа во осминафиналето, веќе од утре своите мечеви ќе ги играат на фудбалскиот стадион на Лил кој за таа потреба беше преобразен во кошаркарски терен.

Блокади, дриблизни и цепелини на Евробаскетот

Средбата меѓу Србија и Италија која заврши 101:82 ги донесе најатрактивните потези во шестиот ден на ЕП 2015. Расположени за шоу беа Недовиќ и Калиниќ, а најинтересниот дриблинг го направија Украинците.

Остануваме со слатката радост од Литванија и тројката на Илиевски

Македонската кошаркарска репрезентација го заокружи петтиот Евробаскет во својата историја. Конечниот пласман во Хрватска не е прв со ваков очаен крај. Исто беше и во Словенија и Полска.

Змајчеки нè спакуваа за дома

Со четири порази на пет натпревари, на нашите репрезентативци не им преостанува ништо друго освен да ги спакуваат куферите и да се вратат дома. Попладнево во Загреб, Словенија - Македонија 62-51 (24-10, 7-14, 21-17, 10-10).

Сите комбинации за Македонија да оди во осминафинале

Со натпреварите од 4. коло денес се затвора првата фаза од Европското првенство во Загреб, Берлин, Монпеље и Рига. Веќе од сабота почнува осминафиналето во градот Монпеље во Франција, а за нашите да играат и таму еве што треба да се случи или да не се случи.

Дебакл во Загреб, Грузија нè врати во реалноста

Македонските кошаркари го доживеаа и третиот пораз на ЕП во Хрватска. Вечерва во Арената во четвртото коло, далеку подобра од нас беше Грузија 75:98 (18-21, 19-27, 18-23, 20-19).

Втор пораз за Русија, Германија загуби во финишот

Еден од домаќините на ЕП, Германија загуби од Србија во последните моменти од мечот. Русија запиша и втор пораз и е пред заминување дома.

Први мустаќи на првенството

Селекторот на холандската репрезентација, Тон Ван Хелфретен е добитник на признанието Најдобри мустаќи на Европското првенство во кошарка 2015.

Црвено-жолто будење за прва победа на ЕП

Најдобрите македонски кошаркари направија голем чекор кон пласманот во втората фаза на ЕП во Хрватска, откако попладнево го совладаа директниот ривал за такво нешто, Холандија со 71:78.

Гасол: Јебига

НБА асот Марк Гасол не игра за Шпанија на ЕП, но ги гледа своите соиграчи од трибините. Вечерва се сретна со неговиот учител од младоста, Светислав Кари Пешиќ, а кога виде дека го нема неговиот број во мобилниот, му одговори едноставно.

Србиновски: Момците изгинаа на терен, се фокусираме на Холандија

На прес конференцијата после мечот со Грција во првото коло, македонскиот селектор Марјан Србиновски изјави дека Владо Илиевски играл со температура и дека неговите избраници го пружиле максимумот.

Пораз на стартот, Грција подобра за 20 коша

Македонската кошаркарска репрезентација и петтиот континентален шампионат го започна со пораз. Еден од фаворитите за завршницата, репрезентацијата на Грција триумфираше 85-65 (16-23, 15-15, 19-21, 15-26)

Противници за почит, но нема предавање

Европското првенство во Франција, Германија, Хрватска и Летонија почнува денес и ќе трае се до 20. септември. Македонија отвора со Грција во 18:00.

Среќно момци, нека се повтори Литванија

Пред четири години, Македонија стана четврта кошаркарска сила во Европа. Од утре во Загреб, некои нови момци ќе играат баскет против Грција, Словенија, Хрватска, Грузија и Холандија. Еве како изгледаше прославата во Каунас во 2011. година.

Никола Пековиќ нов претседател на КК Партизан

Според интернет изданието на Вечерње новости, познатиот НБА кошаркар ќе биде промовиран во прв човек на клубот во кој кошаркарски израсна.

Македонија на ЕП ќе игра против 7 НБА играчи

Во сабота од 15:00 часот почнува јубилејното 40. издание на Евробаскетот, кое ќе има најмногу НБА кошаркари во историјата. Нашите ќе играат против 7 играчи од најсилната светска лига.

Марче пресече, Магдевски и Јаневски не одат на ЕП

Младиот Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски се кошаркарите кои отпаднаа од конечниот список на кошаркари кои ќе играат за Македонија на претстојното Европско првенство кое се игра во четири земји.

Скриена камера и шоу за Биг Софо во Белград

Камерунецот кој настапува за грчката репрезентација, Софоклис Скорцанитис е нов член на Црвена звезда. По слетувањето на белградскиот аеродром, го излажаа дека поради дефект на автомобилот, ќе мора да продолжи со градски превоз, а таму го чекаше изненадување.

Грците во полн состав на ЕП во Загреб

На 11 дена до почетокот на ЕП, селекторот на првиот ривал на македонската репрезентација го објави списокот на кошаркари со кои ќе настапи на првенството во Загреб. Хелените со дури тројца НБА кошаркари.

Легендарниот шут на Џордан со задршка

Можеби сте го изгледале видеово 1.757.413 пати, но го немате видено од овој агол со се амбиентот од паркетот каде одлепува и репортерот.

Зек Лавин дами и господа

По Коби Брајант Лавин на 19 години стана најмладиот победник на натпреварот по забивање на минатиот Ол Стар, а со вакви загревања летово уште сега нека се откажат тие што мислат да му бидат конкуренција догодина.

Од НБА милионер до шанкер во Старбакс - Вин Бејкер

Како кошаркар на Милвоки Бакс и Сиетл Суперсоникс, Вин Бејкер заработил 100 милиони долари, а денес работи како продавач во Старбакс и среќен е поради тоа. Често им дава мудри совети на младите кошаркари кои земаат многу пари.

Бирд: Џордан ќе ме убие еден на еден

Легендарниот кошаркар на Бостон признава што ќе му се случи доколку сега излезе на партија баскет со најдобриот на сите времиња.